Совет на општина Прилеп

Совет на општина Прилеп: На градоначалникот Јовчески не му доликува опозициските советници да ги нарекува “циркузанти“

36-та седница на Советот на општина Прилеп: Реакција на советничката група на СДСМ и Коалицијата, на изјава на градоначалникот Борче Јовчески објавена на социјалните мрежи:

„На градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, не му доликува преку фејсбук статус советниците од опозицијата да ги нарекува “циркузанти“. Се’ што градоначалникот има да ни каже, треба да го каже овде, од говорницата на собраниската сала. Навредите упатени кон опозициските советници, истовремено се навреди кон граѓаните на општина Прилеп кои на демократски и легитимни избори ни ја дале довербата“.

Прочитајте повеќе

Комуналните камиони направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат Скопје

Се мијат плоштадот Македонија и кејот на Вардар, а започна и чистење на депонијата Варадриште, …