Меѓународната мрежа за проверка на факти ќе помага да се следат дезинформациите за војната во Украина

Меѓународната мрежа за проверка на факти ќе помага да се следат дезинформациите за војната во Украина

Меѓународната мрежа за проверка на факти, со својот персонал и со заедницата на проверувачи на факти ширум светот, изразува солидарност со украинскиот народ и подготвеност да помогне, а со цел да се спречат манипулациите и дезинформациите за војната што Русија денеска ја започна во Украина.

„Несомнено ова е еден од најтемните денови за Украинците. Силно ја осудуваме агресијата врз народот на Украина и се солидаризираме со двата потврдени потписници од Украина за проверка на факти, VoxUkraine и Stop fake. Дезинформациите се алатка за агресија и се користат во голема мера овие денови, а храбрите проверувачи на факти во Украина продолжуваат да се борат против манипулациите и лагите насочени кон суверенитетот на нивната земја“, се вели во соопштението испратено до надлежните проверувачи на факти низ светот, меѓу кои и до „Вистиномер“.

Вистиномер е сертифициран потписник на Кодексот на принципи усвоен од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти.

Меѓународната мрежа ги повикува новинарите, репортерите и набљудувачите да ги следат VoxUkraine и Stop Fake, пред да споделат непроверени информации поврзани со конфликтот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …