трибина на здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ

„Менталното здравје е исто толку важно како и физичкото здравје“ – трибина на здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ (Галерија)

Во организација на Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ, вечерва во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа трибина со наслов „Менталното здравје е исто толку важно како и физичкото здравје“

На трибината која се одржа по повод Светскиот ден на менталното здравје, 10-ти Октомври, за значењето и важноста на менталното здравје говореа Проф.д-р Гордана Ристевска Димитриовска, специјалист психијатар и психотерапевт и Светлана Миоковиќ Томеска, дипломиран дефектолог, а со својот перформанс, дел од настанот беа и волонтерите на Здружението.

Вечерашниот настан истовремено беше и промоција на Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ, чии главни цели и задачи покрај другите се заштита на машкото здравје, подигнување на свеста за превенција и рано откривање на болестите кои го намалуваат квалитетот на живеење на граѓаните, како и подобрување на менталното здравје преку едукација, превенција и разбивање на стигмата за машкото здравје.

Петра Лукароска, претседателка на Здружението ФИЛИП ЛУКАРОСКИ, нагласи дека токму заради стигмата и недоволниот број на иницијативи кои го промовираат и штитат менталното здравје, борбата на многу деца и адолесценти се одвива во „тишина“, чија цена, за жал, може да се пресмета во изгубени човечки животи.

Иако, како што рече Лукароска, поради физичката конституција мажите се дефинираат како „посилен пол“, кога станува збор за здравјето, ситуацијата е поинаква.

„Кога е здравјето во прашање, мажите се ‘послабиот пол’, од причина што се чувствуваат слабо кога ги покажуваат нивните чувства, па нивните ментални нарушувања остануваат недијагностицирани и не се лекуваат. Иако денес животниот век континуирано се зголемува кај двата пола, сепак, жените живеат подолго од мажите. Пример за тоа е и нашата сурова семејна животна приказна. Не случајно името на Здружението е Филип Лукароски. Филип беше и секогаш ќе биде нашиот маратонец кој истрча пет маратони, но не и најтешкиот – животниот маратон“, потенцираше Лукароска.

Пораката која Петра Лукароска, претседателка на Здружението за унапредување на здравјето ФИЛИП ЛУКАРОСКИ го упати до присутните, но и до сите граѓани беше недвосмислена:

„Одете на редовни медицински прегледи, скрининг тестови. Слушајте го вашето тело и пријавете ги симптомите кај вашиот лекар. Барајте радост и споделете ја со другите. Смеата е добар лек. Забавата и оптимизмот го подобруваат здравјето, но и среќата. И ако сето ова го правите полека, стабилно и разумно, ќе уживате во вашиот здрав начин на живот“.

Прочитајте повеќе

Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

Мицотакис: Отстапувањата од Преспанскиот договор ќе имаат последици во билатералните односи и патот кон ЕУ

Грчкиот премиер нагласи дека употребата на уставното име е ерга омнеси дека нема да ги …