Метла

Метла

Пишува: Сотир Габелоски

Во овој момент е неизвесно дали и во колкава мера ќе заигра метлата, но многу е важно што како луѓе, како народ, како држава но и како индивидуалци, се научивме и охрабривме да казнуваме политики, политичари и партии. Добро е што започнавме да кажуваме „Стоп!“ за многу работи кои му наштетуваат на нашето секојдневие, затоа што само така едни избори можат да бидат суд за оние кои претходно сме ги избрале.

Во моментов, на политичката сцена на располагање немаме подобра опција од актуелната власт и веројатно тоа е фактор што казната од граѓаните не беше поголема. Но сакам да верувам дека резултатите од првиот круг конечно ќе сменат некои работи. Драстично.

За казната која граѓаните ја зададоа, која се однесува на сите партии, но најмногу и’ направи штета на владејачката СДСМ, има повеќе причини. Меѓутоа, причините не се оние за кои власта очекуваше дека ќе и’ нанесат политичка штета. Преспанскиот Договор и продлабочувањето на соработката со Бугарија на повеќе полиња, како и сите чекори кои им претходеа на нивното потпишување, не се главната причина за изборниот резултат од првиот круг на претседателските избори. За граѓаните, многу поголема “тежина“ имаа бавната правда, непотизмот, слабите градоначалници, ароганцијата, недопирливоста на директори и слично, отколку промената на името и заедничкото одбележување на празници со соседна Бугарија.

Како граѓани, ваквото наше поведение може да не’ одведе кон подемократска и попросперитетна држава, во која што политичарите навистина ќе сносат политичка одговорност. Овие избори ја покажаа важноста од излегувањето на избори во што поголем број, бидејќи само на тој начин, со голема излезност на гласачките места, изречената казна или награда за политичарите и политичките партии, ќе има легитимитет. Конечно, само така ќе има можност да ги исправиме грешните политики на политичарите, кои и тоа како имаат значење и се рефлектираат на нашите животи.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …