Мијалков доби условен отпуст, ќе излезе од затвор 4 месеци порано

Мијалков доби условен отпуст, ќе излезе од затвор 4 месеци порано

Мијалков одлежува 3 години затвор во отвореното одделение во затворот во Струга за случајот „Империја“

Директорот на струшкиот затвор предложил, а Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција прифатил ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков да излезе од затвор четири месеци порано. Тој наместо на 25 април 2025 година, ќе излезе од струшкиот затвор на 25 декември годинава.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа. Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, велат од Кривичниот суд.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Мијалков одлежува 3 години затвор во отвореното одделение во затворот во Струга за случајот „Империја“.

Ова е единствената затворска казна за Мијалков. За случаите „Тортура“ и „Трезор“ тој беше ослободен од обвинение, за случајот „Плацеви на Водно“ доби условна казна, а случаите „Таргет“ и „Тврдина 2“ застареа благодарение на измените во Кривичниот законик.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …