Пукање во Арачиново, цел бил градоначалникот

Пукање во Арачиново, цел бил градоначалникот

Инцидент се случил попладнево во скопската општина Арачиново, каде мета на истрели од огнено оружје бил градоначалникот. Според информациите на Министерството за внатрешни работи нападот со автоматско оружје се случил додека градоначалникот шетал на отворено.

Повреден е член на неговото обезбедување, потврдуваат од МВР, за Радио Слободна Европа. За сега не се познати причините за овој инциддент.

Инаку јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје неодамна поведе постапка против двајца браќа за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими.

„Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице – градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани дека ќе нападнат по неговиот живот и тело“, соопшти тогаш Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во општина Арачиново, како и забрана за приближување и контактирање со градоначалникот Ибраими.

Тој и во 2022 година пријави дека физички бил нападнат од неколку лица.
Тогаш полицијата приведе три лица во врска со пријавата на градоначалникот и од МВР рекоа дека против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело насилство.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …