Почувајќи од полноќ, 00:00 часот на 02.04.2024 во вторник до 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје. На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.
Прочитајте повеќе
Салиу: Сегрегација на ромски ученици има и во Кочани и Прилеп
Во две основни училишта во Кочани и Прилеп постои сомнеж дека се прави сегрегација на …