Миле Талевски: Минималната плата не е само бројка

Миле Талевски: Минималната плата не е само бројка

Кандидатот за пратеник на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4, Миле Талевски, ја посети прилепската текстилна фабрика „ГИФТИ ТЕКС“.

На средбата со менаџерскиот тим и вработените, Талевски ја искажа својата благодарност за нивниот огромен придонес во справувањето со пандемијата на КОВИД-19.

Имено, во соработка со двете други текстилни фабрики од Прилеп, „ФЕШН ЛИНК“ и „СТАН МК“, од почетокот на здравствената криза компанијата „ГИФТИ ТЕКС“ произведе и, преку Општина Прилеп, донираше 100.000 заштитни маски. На тој начин со право се вели дека, кога се во прашање хуманоста и солидарноста, „ГИФТИ ТЕКС“ ја подразбуди совеста на општеството.

„Ви благодарам за тоа што направивте за сите наши граѓани од почетокот на пандемијата со коронавирусот. Како прва, пионерска фирма, „ГИФТИ ТЕКС“ се одзва на повикот за помош на граѓаните и отпочна со производство на сертифицирани и безбедни заштитни маски. Со вашиот ангажман, одговоривте на повикот на Општината. Испорачувајќи 100.000 заштитни маски, покажавте свест за висока општествена одговорност, давајќи го максималниот придонес во заштита на здравјето и животот на нашите граѓани“, изјави Талевски.

За време на посетата на текстилната фабрика, Талевски напомена дека Владата на СДСМ и коалицијата ја покачи минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, со обрска во следниот мандат таа да биде зголемена за 40% и да ја достигне сумата од 20.000 денари.

Прочитајте повеќе

Сдсм знаме

СДСМ: Како што зборуваа за Арсовска, така ДПМНЕ сега зборува за Силјановска

Соопштение за јавност на СДСМ Ветувањата коишто ги дава ДПМНЕ пред граѓаните, не се разликуваат …