Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора

Актуелниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и кандидатот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ одат во вториот круг на претседателските избори, што ќе се одржи на 2 април, покажуваат прелиминарните податоци кои ги објави Центарот за мониторинг и истражување, врз основа на скоро 99 отсто обработени гласачки ливчиња.

Во првиот круг, што се одржа вчера, ниеден од кандидатите за претседател на Црна Гора не освои над половина од гласовите на излезените избирачи.

Ѓукановиќ освои околу 35 отсто од гласовите, додека Милатовиќ околу 29 отсто.

Андрија Мандиќ од Демократскиот фронт освои околу 19 отсто од гласовите, а Алекса Бечиќ од Демократска Црна Гора околу 11 проценти. Останатите тројца кандидати освоија по помалку од 3 отсто.

Во вториот круг одат двајцата кандидати со најмногу гласови во првиот круг.

На гласање излегоа околу 64 проценти од регистрираните избирачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија.

Прочитајте повеќе

Западен Балкан под ризик од меѓуетничко насилство во 2024, проценуваат американските разузнавачи

Во годишниот извештај за глобалните закани на Разузнавачката заедница на Соединетите Држави, се наведува дека …