Министерот Хасан во работна посета во Турција: Взаемната поддршка и почит ги унапредуваат економските врски помеѓу двете земји

Министерот Хасан во работна посета во Турција: Взаемната поддршка и почит ги унапредуваат економските врски помеѓу двете земји

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, д-р Елвин Хасан беше во работна посета на Турција каде што оствари многу важни средби, со неколку турски министри: министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерката за трговија Рухсар Пехџан и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.

На средбите се разговараше за актуелните политички и општествени случувања во двете земји, пријателските односи меѓу истите кои секогаш биле одлични, како и унапредувањето на взаемната соработка. Најмногу внимание се посвети на ратификувањето на протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО. Република Турција секогаш била најсилен сојузник во борбата за влез на нашата држава во ЕУ и НАТО и најголема поддршка Северна Македонија добивала токму од Турција. И покрај тоа што Република Турција е еден од најголемите инвеститори во нашава држава, се констатираше дека сточарството, текстилот и технологијата се области кои се од интерес за нови инвеститори. Разгледана беше опцијата на извоз на јагнешко месо, кое е споменато и претходно. Министерот Хасан ги презентираше тековните услови за инвестирање, потенцијалните проблеми и нивните решенија.

За време на престојот во Р. Турција, министерот Хасан оствари средба и со ТИКА, која е Агенција која реализира успешни проекти кај нас. Исто така, министерот ја посети и Дирекцијата за турска дијаспора и сродни заедници (ЈТБ), кои им овозможуваат стипендии на млади од целиот свет, вклучувајќи ги и младите од Република Северна Македонија. Ваквите средби ги зајакнуваат односите и ја потврдуваат взаемната поддршка и почит на двете држави, како и развојот на економската соработка која е секогаш во интерес на граѓаните од двете земји.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …