Министерот Шаќири во увид на градежните активности во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“

Министерот Шаќири во увид на градежните активности во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“

За време на вчерашната посета на Прилеп, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изврши увид во реконструктивните зафати на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.

Министерот Шаќири искажа задоволство од имплементацијата на овој капитален проект, со којшто драстично ќе се подобрат условите за изведување и следење на наставата во објектот стар речиси 6 децении.

Заедно со директорката на прилепското средно училиште, Петра Лукароска, министерот го посети и стариот објект за изведување на практична настава, кој минатата година беше опожарен и за кој изрази надеж дека за скоро време ќе биде саниран и повторно ставен во функција.

Реконструктивните зафати во СОУ „Ѓорче Петров“ предвидуваат изработка на термоизолациона фасадна обвивка, реконструкција на подовите и на електричната инсталација во сите училници и канцеларии на трите ката, дренажа и нејзино поврзување во постојната атмосферска канализација, промена на осветлувањето и поставување лед сијалици во целото училиште и училишниот двор, санација на внатрешните ѕидови од влага, промена на азбестните плочи на дел од покривот на училишната зграда, како и боење на ѕидовите со крпење и монтажни работи.

Висината на оваа капитална инвестиција изнесува 12.663.3420,00 денари, односно 200.000 евра, средства обезбедени од Министерството за образование и наука.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …