Министерство за финансии

Министерство за финансии: Пари за субвенции за електрична енергија има и годинава во буџетот

Поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава. Во буџетот се предвидени средства за оваа намена, со кои ќе се поддржат граѓаните, како и малите и средни фирми за намалување на ефектите од енергетската криза, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими при гостување на Вин-Вин.

“Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ”, рече Бесими и додаде дека и Европската Унија како грант додели 84 милиони евра за справување со енергетската криза за оваа година.
Министерот посочи дека ефектите од субвенциите се гледаат во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните каде стои колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари кои доаѓаат од даноците што ги плаќаат. “Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а само политика на Владата е да ја даде субвенцијата.”, вели Бесими.
Министерот посочи дека изминатата
грејна сезона, Владата преку субвенции кон АД ЕСМ и фискалните импликации од намаленото ДДВ ги поддржа граѓаните и фирмите со вкупно 400 милиони еврa за справување со енергетската криза.

Прочитајте повеќе

Бежовска Народна банка

Народната банка поднесе барање за членство во СЕПА

Народната банка, во својство на регулаторна и надзорна институција за давателите на платежни услуги во …