Министерството за правда скори предлог-измени на Законот за Судски совет

Министерството за правда скори предлог-измени на Законот за Судски совет

Министерството за правда подготви измени на Законот за Судски совет, кои се направени согласно препораките што ги даде Оценската мисија на Европската Унија (ЕУ).

Информацијата дека се скроени предлозите за законски измени доаѓа во период кога во Северна Македонија се очекува преземање на извршната власт од досегашната опозиција, која, пак, најавува дека целосно ќе го распушти Судскиот совет и ќе се формира нов според законски измени што тие ќе ги подготват.

„Целта на законските измени е да се зајакне независноста на судството, како и професионалноста и одговорноста на членовите на Судскиот совет“, велат од Министерството за правда.

Меѓу најважните измени кои ги истакнуваат оттаму е дека на огласот за избор на член на Советот предлози ќе даваат и: интеруниверзитетската конференција која ќе предлага кандидати од професорите по право со стаж од најмалку 20 години од трите најдобри универзитети во државата и Адвокатската комора која ќе предлага кандидати од редот на адвокатите со адвокатски стаж од најмалку 20 години. Досега, тие не даваа свои предлози.

Исто така се зголемуваат и критериумите за избор на членови од редовите на судии и за оние што ќе ги избира Собранието. Според предлогот, член на советот ќе може да биде судија со 15 години стаж, наместо досегашните шест години. А, член избран од парламентот ќе може да биде лице со работно искуство од 20 наместо со досегашните 15 години.

За избор на член од редовите на судиите ќе се воведе изборен цензус – односно ќе се стави минимална граница на бројот на судии кои треба да гласаат.

Измени се најавуваат и во однос на одговорноста на членовите.

„Согласно Развојната секторска стратегија за правосудство предвидено е ревидирање на одредбите од Законот за Судскиот совет кои се однесуваат на индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот со посебен фокус на дефинирање на причините поради кои може да се иницира постапката, органите кои ќе постапуваат и правото на жалба“, велат од Министерството за правда.

За да се подготват законските измени, министерот за правда формираше работна група која досега, како што велат од Министерството, одржана 23 состаноци на кои биле адресирани сите препораки од Оценската комисија.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …