Зграда на МНР

МНР: ВМРО-ДПМНЕ има уште 24 часа да се извини за искажаните клевети

Соопштение на Министерството за надворешни работи:

Изминаа 24 часа откако беа демантирани грубите лаги од страна на ВМРО – ДПМНЕ, пласирани за време на празници, а партијата сѐ уште не испрати извинување. Како поука за понатаму, за партија која е фатена на дело како лаже, оставаме уште 24 часа да се извини и кон Министерството и пред сѐ кон јавноста која беше вознемирена за време на празници.

Со тоа, станува очигледно дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат свесен обид за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството, што може да се потврди и од вордингот и тајмингот на самата манипулација пласирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Фактот што обидот за манипулација на јавноста  беше направен за време на  празници, претставува дополнителна навреда кон граѓаните на земјава, за што и очекуваме извинување.

Како одамна воспоставена пракса министерот се обраќа на ист начин од почетокот на мандатот како министер за надворешни работи последните три години, како и претходно две години како Вицепремиер за европски прашања; на јавните настапи пред домашната јавност Министерот се обраќа на двата службени јазици, што е видливо и од самиот видео запис (подолу), при што за медиумите секогаш е обезбеден и соодветен превод, согласно Уставот и Законот за примена на јазиците.

Во прилог линк од обраќањето пред новинарите по средбата со министерот Албарез Буено: https://www.facebook.com/watch/?v=750209426738833&mibextid=Nif5oz

Прочитајте повеќе

Лавина реакции за ПР злоупотреби на трагедијата во Кочани

Лавина реакции за ПР злоупотреби на трагедијата во Кочани

Посетите на политичарите на болничките соби, каде што се лекуваат тешко повредените од пожарот во …