МОН: Исплатени се студентските и ученичките стипендии

МОН: Исплатени се студентските и ученичките стипендии

Учениците кои правото на стипендија го оствариле во учебната 2022/2023 година на своите сметки вчера добија седум месечни стипендии, додека на студентите денеска им се исплатени шест месечни стипендии.

Исплатени се средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и на  постојните корисници, информираше Министерството за образование и наука (МОН).

Учениците кои правото на стипендија го оствариле во учебната 2022/2023 година на своите сметки вчера добија седум месечни стипендии, додека на студентите денеска им се исплатени шест месечни стипендии.

На постојните корисници, пак, им се исплатени средствата по основ на стипендии за февруари и март.

„Извршена е тековната исплата и по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено ова право во некој од изминатите месеци“, додаваат од МОН.

Со ова, МОН ги надомести сите финансиски обврски кон учениците и студентите заклучно со овој месец, како што најави и претходно.

Од МОН потсетуваат на иницијатива корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година да добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти.

За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, треба да достават пополнет и потпишан анекс на договорот за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од овој линк.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …