образование училиште

МОН отвори мејлови на кои ученици можат да пријавуваат врсничко насилство

Филмски сцени станаа реалност во регионот. Посакувам никогаш и никаде да не се повтори тоа што се случи во нашето соседство. Но, за тоа ќе треба многу повеќе да се поработи, рече министерот Шаќири

Mинистерството за образование и наука (МОН) отвора адреса за пријавување насилство во училишта, prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk како централно место каде може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој денеска присуствуваше во Гостивар на ученичкиот натпревар „Образовно рандеву“.

Тој кажа дека темата со врсничко насилство е сериозна и дека затоа е потребна поддршка од сите општествени чинители.

„Филмски сцени станаа реалност во регионот. Посакувам никогаш и никаде да не се повтори тоа што се случи во нашето соседство. Но, за тоа ќе треба многу повеќе да се поработи. Младите живеат во ново време со многу нови предизвици и мораме да наоѓаме начини како да ги елиминираме факторите и да го скротуваме младинскиот, избувлив дух. Затоа денес и иницираме дијалог со експертската јавност и академската фела, како и со сите други надлежни институции, за да делуваме конкретно“, рече тој.

Потенцираше дека исклучително му е драго кога гледа како младите се дружат во и надвор од училиштето, заедно учат, се натпреваруваат со знаења и токму тоа треба да биде нивниот фокус, наместо размислувањата како да се испровоцираат врсниците од негативен аспект.

Инаку, денеска во МОН имаат состанок педагози, психолози и експерти за врсничко насилство и сајбер насилство. По состанокот ќе кажат заклучоци кои ќе се однесуваат на тоа и што треба да се менува за да се врати воспитната компонента на образованието.

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …