Мон

МОН: Почнува подготовката за изработка на новите наставни материјали за четвртоодделенците, објавен огласот за автори

По усвојувањето на новите наставни програми за четврто одделение чија примена започнува со новата учебна 2021/2022 година, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ги продолжуваат активностите за етапна имплементација и ефектуирање на новата Концепција за основно образование која треба значително да ги подигне стандардите за квалитет и суштински да ја промени базата на националниот образовен систем.

Во таа насока, објавен е повик за искусни практичари за изработка на нови материјали за учење и прирачници за реализирање на наставата во четврто одделение, кој може да се погледне на следниот линк.

Материјалите за учење се однесуваат на предметите Македонски јазик, Албански јазик, Турски јазик, Српски јазик, Босански јазик, Математика, Природни науки и Историја и општество, додека прирачниците се наменети за изведување на наставата по Музичко образование, Ликовно образование, Физичко и здравствено образование и Техничко образование.

Сите содржини во материјалите за учење и во прирачниците за наставниците треба да се базирани на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин и авторски јазик кој ќе биде интересен за учениците и соодветен нивната возраст. Истите треба да ја промовираат еднаквоста и почитувањето на различностите, инклузивноста, да ја поддржуваат мултиетничката интеграција и да придонесат секој ученик да ги постигне очекуваните резултати од учењето и да ги стекне компетенциите дефинирани во новите наставни програми за четврто одделение.

Силно веруваме дека повикот ќе го поттикне интересот за пријавување кај соодветната стручна и експертска јавност, затоа што и самата иницијатива за крупни промени во образованието која ја покрена актуелната Влада и раководствата на институциите на системот, но и отворената можност за учество на сите заинтересирани, создадоа мотивираност особено кај засегнатите ученици, наставници, стручни соработници, граѓански организации и здруженија да дадат свој придонес кон конкретизацијата и спроведувањето на планот за реформа на основното образование.

За потсетување, во текот на минатиот месец беа изработени и наставните програми за прво одделение, а воедно и објавени повиците за автори/авторски тимови за изработка на материјалите за учење и за ликовни илустратори/графички дизајнери за изработка на детски илустрации.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …