МТВ: Инвестициите во патната инфраструктура изнесуваат две милијарди евра

МТВ: Инвестициите во патната инфраструктура изнесуваат две милијарди евра

Реакција на Министерството за транспорт и врски на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Очигледна е нервозата во политичката партија ВМРО-ДМПНЕ штом се обидуваат  да манипулираат со граѓаните.

Исплашени се од фактот дека оваа Влада изгради и рехабилитира преку 1500 километри вкупно патна мрежа низ државата. Ги започна и ги изгради двата експресни патни правци Штип – Кочани и Штип – Радовиш и ги пушти за сообраќај. Оваа година ќе се завршат со изградба и експресните патишта Ранковце – Крива Паланка и Градско-Прилеп и истите ќе бидат пуштени за сообраќај.

Само во овој момент се работи на изградба на седум автопатски делници од преку 190 км.

Дополнително беа рехабилитирани голем број на регионални и магистрални патни правци во сите региони, посебно да ги спомнеме патните правци кои водат кон четирите гранични премини и тоа државниот пат Битола – Меџитлија кон граничниот премин Меџитлија, потоа Скопје –Блаце кон ГП Блаце, патниот правец Струга –Ќафасан кон ГП Ќафасан, патниот правец Крива Паланка-Деве Баир кон ГП Деве Баир.

Исто така сакаме да потенцираме дека Владата преку Министерството за транспорт и врски реконструираше преку 180 локални улици во сите општини, а во следните неколку месеци ќе бидат опфатени уште 70 улици, што директно се влијае врз развојот на локалните самоуправи, подобрување на квалитетот на живот и безбедност на граѓаните.

Само во патната инфратструктура во овој момент се инвестира преку 2 милијарди евра.

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека оваа Влада ја започна најголемата инвестиција во изградба на железничката мрежа на Коридор 8, од Куманово до ГП Деве Баир инвестиција од преку 750 милиони евра, нешто што за многу влади ова беше само проект во изборните програми.

Создадовме конкуренција во железничкиот транспорт преку либерализација на железничкиот превоз со што овозможивме услови за зголемена конкуренција на странските пазари за домашните компании кои железничкиот превоз го користат за извоз на своите производи.

Да дополниме дека оваа Влада преку политиките на Министерството за транспорт и врски успеа да создаде услови за рекорден број над 3 милиони превезени патници од двата домашни аеродроми.

Успехот на Министерството за транспорт и врски е очигледен и преку континуирана реализација на капиталните иннвестиции, кои минатата година изнесуваа 99,2 % реализација на средствата наменети за капитални проекти.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Ковачевски: Гласот за ДПМНЕ носи само меѓуетнички тензии, заробени медиуми, замолчени граѓани

Давањето преголема моќ на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ може да донесе само разгорување на …