Вакцинирање Вистиномер

МЗ: 77 отсто од новите случаи и 79 отсто од хоспитализираните со ковид-19, се невакцинирани

Во период од 6 август до 30 септември на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 23 проценти биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица, се вели во анализата на Министерство за здравство.

„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77 проценти од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79 проценти, додека само 21 проценти од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека за истиот период, на територија на државата починале 1.162 лица со ковид-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15 проценти примиле вакцина.

„Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2,“ се додава во соопштението.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Со измами за лажни сообраќајки изнудуваат илјадници евра

Расте бројот на измамени граѓани кои платиле на лажни полицајци кои им понудиле „помош“ да …