МЗ: Вчера се дадени 10.221 вакцини

МЗ: Вчера се дадени 10.221 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани. Во државата вкупно се дадени 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …