МЗ: За пет години смртноста на предвреме родените бебиња намалена за 18 отсто

МЗ: За пет години смртноста на предвреме родените бебиња намалена за 18 отсто

Смртноста на предвреме родените бебиња во периодот од 2016 до 2021 година е намалена од 26 отсто на само 8 отсто, со тенденција овој процент и понатаму да паѓа, информираат од Министерството за здравство.

Тие велат дека ваквото намалување е резултат на континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура на Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Во изминатиот период набавивме 15 модерни инкубатори, нешто што недостасуваше на Клиниката но и низа други апарати и опрема, како микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и друга опрема. Оваа опрема беше нужна да се понуди најдобрата услуга, а со тоа и да се спасат што е можно повеќе млади животи“, информираат од Министерството за здравство.

На денот на предвреме новородените деца, од Министерството за здравство порачуваат дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата.

„Министерството ќе продолжи да вложува и да го унапредува одделот за Гинекологија и акушерство со цел врвна услуга, многу спасени млади животи и европски стандарди во македонското здравство“, се вели во нивното соопштение.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …