На Берлускони му е дијагностицирана леукемија, објавуваат странските медиуми

На Берлускони му е дијагностицирана леукемија, објавуваат странските медиуми

Се најавува дека неговиот личен лекар Алберто Зангриљо ќе одржи прес-конференција за да ја илустрира здравствената состојба на поранешниот италијански премиер.

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му била дијагностицирана леукемија, изјавил за Ројтерс близок извор, еден ден откако поранешниот премиер бил примен на интензивна нега поради проблеми со дишењето.

Берлускони се наоѓа на кардиолошкиот оддел во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.

Се најавува дека неговиот личен лекар Алберто Зангриљо ќе одржи прес-конференција за да ја илустрира здравствената состојба на поранешниот италијански премиер. Италијанската новинска агенција „Анса“ објави дека ситуацијата со поранешниот италијанскиот премиер е сложена.

Берлускони имаше низа здравствени проблеми во последниве години. Со години имаше пејсмејкер, имаше операција на срцето во 2016 година и го победи ракот на простата. Во 2020 година прележа и ковид, а во април во 2021 година беше хоспитализиран повеќе од три недели поради последици од вирусот.

Партијата на Берлускони, „Форца Италија“ е дел од владината коалиција на премиерката Џорџа Мелони. Тој во четири мандати беше премиер на Италија.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …