Дзс

На четири дена до крајот на пописот, досега се попишани 1.619.857 лица

Пописот на населението, домаќинствата и домовите во земјава завршува на 30 септември, а на четири дена пред крајот на пописот се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинства и 711.695 станови, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Овие резултати се заклучно со вчерашниот ден до 20 часот.

Пописот со несмалено темпо ќе продолжи и во текот на наредниве денови, а од ДЗС информираа дека секое домаќинство во земјава ќе биде посетено од попишувач и на секој граѓанин ќе му биде овозможено да се попише.

Исто така, оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома (не бил воспоставен контакт), ќе може да се попишат и во седиштата на Комисиите на пописните региони во секоја општина од земјава, а адресите може да се најдат овде. 

Инаку, заклучно со утрово во 7:30 часот, преку апликацијата за самопопишување во странство биле самопопишани 198.589 лица од дијаспората.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …