На летната сцена во прилепскиот Центар за култура ќе се одржи „Недела на германскиот филм“

На летната сцена во прилепскиот Центар за култура ќе се одржи „Недела на германскиот филм“

Во различен формат во однос на минатите години, во четврток и петок, 3 и 4 септември, на летната сцена во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи летно кино со „Неделата на новиот германски филм“. Со тоа продолжува догогодишната традиција, а прилепчани ќе имаат можност да се дружат со најновите остварувања на богатата германска кинематографија.

За разлика од минатите години, овој пат проекциите ќе бидат на отворено, во духот на слоганот „Под отворено небо“.

Годинешното издание на „Неделата на новиот германски филм“ ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на СР Германија во земјата, Кинотека на Република Северена Македонија и Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“.

Влезот е слободен, а настанот ќе биде реализиран според протоколите за заштита од корона вирусот: задолжително носење заштитна маска, мерење температура и дезинфекција на раце.

Распоред на прикажување на филмовите:

03.09.2020 – UNDINE, почеток во 19.30 часот

03.09.2020 – BALLON, почеток во 21.30 ч.

04.09.2020 – MEIN BLIND DATE MIT DEM LEBEN, почеток во 19.30 ч.

04.09.2020 – DIE GOLDFISCHE, почеток во 21.30 ч.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …