На иницијатива на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на седница на Владата закажана за вторник, 9-ти јануари, ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки во насока на решение на актуелните состојби во М-НАВ:
- Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени;
- Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.
Воедно, премиерот Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќајот да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.
Како што рекоа од кабинетот на премиерот, безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио – сообраќај е врвен интерес за Владата и премиерот Ковачевски.