На „Табановце“ приведен поранешниот прв цариник, Драган Даравелски

На „Табановце“ приведен поранешниот прв цариник, Драган Даравелски

Денеска на граничниот премин „Табановце“, при обид за влез во нашата земја, уапсен е поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски.

Неговото апсење е извршено врз основа на изречената казна од 7 години затвор за „злоупотреба на службена должност“, поточно злоупотреба на 2,5 милиони евра.

Во 2016 година имаше обид за негова екстрадиција во Македонија после распишана потерница на Интерпол, но српските власти ја прекинаа постапката неколку минути пред примопредавањето откако со задоцнување дознаа дека Даравелски има српско државјанство.

Прочитајте повеќе

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава голем број шумски пожари повеќепати излегоа од контрола низ целата земја, а како одговор …