Влада: Второто полугодие ќе започне на 23 јануари

Влада: Второто полугодие ќе започне на 23 јануари

Владата денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

На истата владина седница денеска беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година. Усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година. Националната стратегија е стратешки документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, чија главна цел е обезбедување на концепирани решенија во реализацијата на правата на сите граѓани без дискриминација по било која основа.

Прочитајте повеќе

Дивоградби во Охрид

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

За случајот со дивоградбите и незаконски приватизираните парцели во Студенчишко Блато, Фронт 21/42 поднел пријави …