Над 500 компании ќе бидат вклучени во дуалното образование во учебната 2023/2024 година

Над 500 компании ќе бидат вклучени во дуалното образование во учебната 2023/2024 година

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за дуално образование, предложена од Министерството за образование и наука.

Согласно заклучоците, се очекува Економско – социјалниот совет, да даде конкретни предлози за стимулирање на компаниите, вклучени во процесот на дуалното образование.

Во учебната 2022/2023 година, според Информацијата од Министерството за образование и наука, дуално образование се реализира во 61 средно стручно училиште низ државава, во 225 паралелки со 2.763 запишани ученици и во соработка со 450 компании.

Во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година, предвидено е зголемување на бројот на дуални паралелки и соработка со над 500 компании.

Проектот за дуално стручно образование, којшто се води по германски терк, официјално започна од  септември, 2017 година, а целта е придонес кон зголемување на вработливоста на младите и продуцирање кадри со соодветни вештини и компетенции, оспособени да влезат на пазарот на трудот, веднаш по завршување на средното стручно образование. Со ова се постигнува и намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на работна сила на пазарот на труд.

Прочитајте повеќе

Денеска и во текот на неделата променливо облачно и нестабилно време

Денеска и во текот на неделата променливо облачно и нестабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и југоисточните …