Поевтинување на нафтените деривати носи најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
За два денара за литар ќе поевтинат бензините, дизел горивото, како и екстра-лесното масло за домаќинство.
Новата цена на моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска ќе изнесува 76,5 денари за литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 78,5 денари за литар.
Литар Еуродизел од вечерва на бензинските станици низ земјава ќе се продава по цена од 74 денари, додека маслото за горење ќе чини 73 денари за литар.
Се намалува и цената на мазутот, кој од вечерва ќе чини 40,572 денари за килограм.