Најмалку 21 загинат на ултрамаратон во Кина

Најмалку 21 загинат на ултрамаратон во Кина

Планинскиот ултрамаратон со должина од 100 километри, кој се одржувал во северозападната кинеска провинција, Гансу завршил трагично. Во текот на вчерашниот дел кога тркачите поминале триесетина километри и стигнале до месноста наречена Камена гора, по течението на реката Хуангхо, ги зафатило бура, проследена со град, замрзнат дожд и силен ветар. Условите се влошиле, а температурата на воздухот се спуштила околу нулата.

Дури 172 учесници се изгубиле, по што трката била веднаш прекината. Организаторите реагирале до спасувачките и медицинските служби да ги евакуираат маратонците, но невремето предизвикало свлечишта и одрони, што им ја отежнaло работата на спасувачките екипи. Според локалните медиуми, до утринава биле пронајдени 152 спортисти, меѓу кои имало и 21 загинат ултрамаратонец.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …