Најмалку шестмина загинати, а 16 се уште се водат како исчезнати во пожарот на пазарот во Ереван

Најмалку шестмина загинати, а 16 се уште се водат како исчезнати во пожарот на пазарот во Ереван

Пожарникарите сè уште се борат со пожарот во еден голем пазар во Ереван, ден по експлозијата што ja предизвика несреќата, при што загинаа најмалку шест лица, а десетици други беа повредени. 16 лица сè уште се водат како исчезнати. Непознат број луѓе останаа заробени под урнатините по експлозијата и последователниот пожар на пазарот во Сурмалу, кој исфрли голем облак од чад над Ереван. Експлозијата била во област каде што биле складирани средства за огномет.

Експлозија на пазар во Ерменија, најмалку еден загинат

Пазарот се наоѓа на околу 2 километра јужно од центарот на градот. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад што се издига од пазарот Сурмалу, кој е широк комплекс каде што, меѓу другото, се продаваат пиротехнички средства.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …