Налепниците НМК за регистарски таблички ќе чинат најмногу 50 денари

Налепниците НМК за регистарски таблички ќе чинат најмногу 50 денари

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“, ќе чинат најмногу 50 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи, пренесе МИА.

Како што појаснуваат, согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

„Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари“, додаваат од МВР.

Обврската за користење на кодот НМК на регистарските таблички произлегува од Преспанскиот договор што Северна Македонија го склучи со Грција во 2018 година.

Според договорот, личните документи и патните исправи треба да бидат со новото уставно име Република Северна Македонија, а регистарските таблички со кодот НМК.

Овој договор стапи на сила на 12 февруари 2019 година, а земјата доби рок од пет години, односно до 12 февруари 2024, да ги промени документите. Но, МВР се реши наместо нови таблици со ознака НМК, возилата да добијат само налепници, со оваа ознака.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

5 заклучоци за неочекуваните резултати од изборите

По првиот круг јасно е дека Македонија е земја на национализмот, негуван како дива орхидеја. …