НАТО протера осум членови на руската мисија во алијансата

НАТО протера осум членови на руската мисија во алијансата

НАТО протера осум членови на руската мисија во алијансата кои беа „непријавени руски разузнавачи“, изјави во средата официјален претставник на НАТО, што е најновото влошување на односите Исток-Запад, кои се веќе на најниско ниво по Студената војна, објави новинската агенција Ројтерс.

Како што објави „Скај њуз“, ваквата одлука на НАТО доаѓа по информациите кои беа обелоденети во април во врска со експлозијата во магацин со оружје во Чешка во 2014 година. Според Прага, во оваа експлозија во која имаше и загинати, биле замешани двајца руски шпиони, за кои се смета дека биле вклучени и во труењето на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Обединетото Кралство.

„Можеме да потврдиме дека ги повлековме акредитациите за осум членови на руската мисија во НАТО, кои беа нерегистрирани руски разузнавачи“, изјавил претставникот на НАТО.

Тој исто така додаде дека НАТО го намали бројот на позиции од 20 на десет, толку лица Русија може да акредитира во таа организација.

Овој потег на НАТО рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко го оцени како дволичност и нагласи дека алијансата ја користи идејата за наводна закана од Москва како страшило за да ги оствари своите цели.

„Лидерите на НАТО вчера зборуваа за важноста на деескалација на односите со Русија и се изјаснија за продолжување на дијалогот во рамките на Советот Русија-НАТО“, изјави Грушко за дневниот весник „Комерсант“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …