Не можат да се тргнат од екраните – депресијата и анксиозноста кај младите доаѓа од злоупотребата на социјалните мрежи

За тоа за како младите ги користат или злоупотребуваат социјалните мрежи, Порталб.мк разговараше со експерти кои секојдневно се во контакт со децата и имаат појасна слика за оваа појава.

„Tik Tok “ скандалот во тетовската болница уште еднаш го вклучи алармот за тоа како и за што се користат социјалните мрежи во време кога дигитализацијата се развива со брзо темпо. Најмногу загрижува тоа какви слики гледаат на оваа социјална мрежа младите и децата, кои се поранливи на последиците што може да ги донесе употребата на истата. За тоа за како младите ги користат или злоупотребуваат социјалните мрежи, Порталб.мк разговараше со двајца експерти кои секојдневно се во контакт со децата и имаат појасна слика за оваа појава.

Добрите и лошите страни на социјалните мрежи

Елтон Јашари од Младинскиот Центар и на Заедницата (YCC) во Гостивар, за Порталб.мк нагласува дека од нивната секојдневна работа во контакт со младите, користењето на социјалните мрежи од нив може да се анализира од две перспективи – кои се придобивките од користењето на социјалните мрежи и кои се последиците од прекумерното користење на истите.

Elton Jashari, koordinator në YCC Gostivar, foto nga arkivi i tij privat (e përdorur me leje)
Елтон Јашари, координатор во YCC Гостивар / Фото: Приватна архива

„Употребата на социјалните медиуми може да има позитивни и негативни ефекти врз младите. Позитивната страна е што социјалните медиуми можат да им помогнат на младите да се поврзат и да комуницираат со другите, да пристапат до информации и да развијат нови вештини. Но, прекумерната употреба може да доведе и до негативни последици, како социјална изолација, намалена самодоверба и зголемена анксиозност и депресија“, вели Јашари.

Од друга страна, наставникот и познавач на дигиталните прашања на денешницата, Сатки Исмаили за Порталб.мк, исто така нагласува дека користењето на социјалните мрежи може да се анализира од овие два аспекта.

Setki Ismaili, foto nga arkivi i tij privat (e përdorur me leje)
Сатки Исмаили / Фото: Приватна архива

„Позитивниот аспект е дефинитивно можноста за добивање различни информации кога младите ги користат социјалните мрежи на конструктивен начин. Тие овозможуваат промоција на вредностите и достигнувањата, олеснување на комуникацијата, разни научни и општествени истражувања и тоа во временска брзина што овозможува постигнување на целите. Што се однесува до негативниот аспект, истражувањата и статистиките покажуваат дека последиците од злоупотребата на социјалните мрежи од страна на младите се многу поголеми во однос на употребата за добри намери“, нагласува Исмаили.

Што покажуваат истражувањата?

Јашари од Младинскиот Центар посочува дека истражувањата покажале дека младите кои поминуваат премногу време на социјалните мрежи имаат поголема веројатност да доживеат сајбер малтретирање, проблеми со спиењето и слаби академски перформанси.

„Тие исто така може да бидат изложени на ризик да развијат зависност поврзана со употребата на социјалните медиуми. Ова не значи дека социјалните мрежи се штетни во сите случаи, но важно е младите да бидат свесни за нивната употреба и да бидат способни да ги постават потребните граници и да направат паметен избор при нивната употреба“, изјави Јашари за Порталб.мк.

Исмаили нагласува дека неодамнешните истражувања покажуваат дека младите кои подолго ги користат социјалните мрежи се соочуваат со ментални, психо-емоционални и физички здравствени последици.

„Tешкотиите се поврзани со депресија и анксиозност. Зависноста од социјалните мрежи влијае на нереализирањето на задолжителните активности како и на преферираната релаксација и сето тоа има големо влијание врз формирањето на нивните ставови како и врз критичкото размислување. Токму зависноста од социјалните мрежи овозможува „одвојување“ од реалниот живот и создавање на едно убедување дека треба да се ориентираат на процесите и активностите кон кои целат, а тоа создава незадоволство“, вели Исмаили за Порталб.мк.

Социјални мрежи, простор за штетни и несоодветни содржини

Наставникот Исмаили, меѓу другото, потенцира дека на социјалните мрежи учениците постојано се среќаваат со несоодветни и штетни содржини, кои можат да влијаат на нивниот процес на размислување.

„Обично, од информациите што ги добиваме од нив, има податоци кои покажуваат дека тие поминуваат многу време на социјалните мрежи, особено во доцните часови, што резултира со несоница и негативно влијание врз реализацијата на нивните секојдневни активности. Воедно, перспективите на студентите се такви што преку социјалните мрежи одржуваат контакт со своите роднини, пријатели и пријателство, за развивање различни мислења за прашањата кои ги засегаат студентите како и за размена на идеи кои поттикнуваат слобода на изразување“, смета Исмаили.

Едукација за користење на социјалните мрежи

Од друга страна, Јашари од Младинскиот Центар нагласува дека е важно младинските центри и другите организации кои работат со младите да промовираат здрава употреба на социјалните медиуми преку обезбедување на едукација и ресурси.

„Поттикнувањето на младите луѓе да прават паузи од социјалните мрежи, да се вклучат во интеракции лице в лице и да практикуваат грижа за себе може да помогне да се спречат негативните последици од прекумерната употреба на социјалните медиуми. Исто така, од суштинско значење е родителите, воспитувачите и младинските работници како нас, да бидат способни да им помогнат и да ги водат младите во овој процес, фокусирајќи се на важноста од здраво и свесно користење на социјалните мрежи“, рече Јашари.

Лани во ноември млада девојка настрада од струен удар откако се качила на вагон за да се слика, но од невнимание се приближила до електричната мрежа. Алармот беше вклучен пред неколку месеци и за Тик Ток предизвикот каде што од младите се бараше да лежат на пат и да ги чекаат најдолго што може возилата што се доближуваа.

Прочитајте повеќе

Венко Филипче

Филипче пред сопартијците: Тука сме да пристапиме на секој, да прашаме што му треба (ВИДЕО)

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета на Струмица разговараше со членството на СДСМ. При …