Не остана никаква трага од „Македонија блокира“

Не остана никаква трага од „Македонија блокира“

По повеќе од една година, не остана ниту еден реквизит од „Македонија блокира“ во кампот кој долго време опстојуваше пред македонското Собрание.

Ова утро Градското комунално претпријатие ги чистеше последните остатоци на местото кое важеше за бастион на протестите во паркот „Жена борец“.

Во одредени периоди имаше блокирање на самата улица од неколку десетици поддржувачи, а по последниот протест на „Македонија блокира“ беа поставени мали шатори на самите коловозни ленти.

Од денеска ги нема ниту натписите со кои се бараше оставка од Владата и зачувување на уставното име.

Извор: Фактор

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …