Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.514 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на ковид-19 од Скопје – 3, Битола – 1.
Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3 и Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш – по 1.Не се регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228.