Нестабилно со пороен дожд и грмежи, од петок стабилизирање на времето

Нестабилно со пороен дожд и грмежи, од петок стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне 28 степени Целзиусови.

До четврток ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Стабилизирање на времето се очекува од петок.

Прочитајте повеќе

„Кој е следен?“ најави јавен онлајн состанок пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

„Кој е следен?“ најави јавен онлајн состанок пред Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Протесното движење „Кој е следен?“ ќе присуствува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита …