Невреме предизвика поплави на северот на Србија, „реки“ по улиците и во Нови Сад

Невреме предизвика поплави на северот на Србија, „реки“ по улиците и во Нови Сад

Големо невреме со обилни дождови и грмотевици, град и силен ветер го зафати вчера приквечер северот на Србија, при што во Војводина и во Срем погодени беа и поголемите градови Нови Сад, Зрењанин, Рума, Шабац и Валево, јави српскиот весник „Данас“. Силен дожд имало и во Крагуевац, во централна Србија.

Метеоролозите невремето со обилни врнежи го припишуваат на влијанието на циклон во Централен Медитеран.

Во Нови Сад и во другите градови, покрај обилниот дожд, паѓаше и град, а беа поплавени подрумски простории и подвозници.

Пожарникарите и екипи на српското МВР имале интервенции во голем дел од погодените подрачја во Војводина – Банат, Срем и Западна Србија. Претежно се работело на исцрпување вода од подруми и подвозници, но исто така извлекувани биле шестмина од поплавени возила.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Еди Рама пред историски четврт мандат во Албанија

Еди Рама пред историски четврт мандат во Албанија

Прелиминарните резултати од парламентарните избори во Албанија покажуваат убедливо водство на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, со што тој …