„Ние сме НАТО“ – отворен ден за граѓаните на Прилеп

„Ние сме НАТО“ – отворен ден за граѓаните на Прилеп

По повод одбележување на Денот на НАТО, во рамки на активностите од НАТО неделата, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Општина Прилеп, во петок 5-ти април со почеток во 12.00 часот, на „Арт“ плоштадот пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, организира отворен ден за граѓаните.

На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, да ја проследат познатата точка на припадниците на баталјонот за почести „Егзирцир“ и да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата кои ќе бидат изложени од страна на припадниците на Армијата.

Воедно во соработка со Црвениот крст, во просториите на Центарот за култура ќе биде организирана и крводарителска акција на која покрај припадниците на Армијата, ќе можат да се приклучат и да даруваат крв сите заинтересирани граѓани.

Прочитајте повеќе

Соработка што брише граници: Крива Паланка и Ќустендил со план за развој на 2 региони

Соработка што брише граници: Крива Паланка и Ќустендил со план за развој на 2 региони

Општина Крива Паланка и бугарската општина Ќустендил отвораат ново поглавје кое ветува реални придобивки за …