Децата на затворената иранска активистка Наргес Мохамади на церемонијата во норвешката престолнина ја примија во нејзино име годинашната Нобелова награда за мир.
Мохамеди е позната по кампањата за правата на жените и демократијата во нејзината земја, како и за борбата против смртната казна.
Наградата ја примија Али и Кијана Рахмани, 17-годишните деца близнаци на Мохамади, кои живеат со својот татко во егзил во Париз .

51-годишната Мохамади, беше наградена со Нобеловата награда за мир за 2023 година во октомври за нејзиниот повеќедецениски активизам и покрај бројните апсења од иранските власти и годините поминати зад решетки. Во моментов е во затвор во Техеран.
Активистата отслужува затворска казна поради повеќе обвиненија, вклучително и наводно ширење пропаганда против Исламската Република.
Во Осло таа беше симболично претставена преку портрет и празно столче, што служи како потсетник дека Мохамади е еден од ретките добитници на награди кои не можеа да присуствуваат на доделувањето.

Останатите Нобелови награди за физика , хемија, медицина, економија и литература синоќа им беа врачени на годинешните лауреати од страна на шведскиот крал Карл Густаф Шеснаесетти на церемонија во Стокхолм ги додели Нобеловите награди за физика, хемија, медицина и економија и литература.