Нова рунда разговори меѓу СОНК и Владата

Нова рунда разговори меѓу СОНК и Владата

За денеска е најавена нова рунда разговори на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со Владата. Претседателот на СОНК Јаким Неделков деновиве изјави дека се надева оти владините претставници ќе излезат со одредена понуда. Според него, штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година. СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.

КСС на протест – бара усогласување на платите со минималната плата

Досега, како што изјави Неделков, нема конкретен одговор од Владата и ресорните министерства, освен тоа дека има криза и дека во овој момент е тешко да се одговори на барањата на синдикатот. Ова, според Неделков, е неприфатливо бидејќи кризата влијае врз семејниот буџет на сите. Премиерот Димитар Ковачевски деновиве изјави дека треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието и оти тоа може да се направи низ економско-социјален дијалог.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …