Нови линии за улично осветлување во Делчево

Нови линии за улично осветлување во Делчево

Деновиве заврши инсталацијата на нова линија за улично осветлување на излезот од Делчево кон градските гробишта. Станува збор за линија долга околу 1 км која води од населбата Расадник кон градските гробишта при што Општина Делчево инвестираше во броило, канделабри и нова линија.

Новата линија е само една од инвестициите во ново улично осветлување во Делчево и селата која се реализира интензивно последниве три години, а со цел да се подобрат условите  за живот и безбедноста на граѓаните, градот и населените места да бидат соодветно осветлени, но и законска обврска на општината која се сервисира редовно.

Претходно, нови линии за улично осветлување добија Димовско Маало во с. Драмче и населбата Студена Чешма во с. Очипала и с. Полето. Зголемен број на канделабри, односно улично светилки се поставени на барање на жителите и во населбите Стралиште, Таушанско Маало, 1 Реон, 3 Реон, нас. Расадник, нас. Басарица, Милково Брдо, Ново Делчево, с. Габрово и дел до регионалниот пат до Делчево, с. Ѕвегор и Ѕвегорска Река, с. Вирче, с. Град, с. Тработивиште, с. Стамер и с. Разловци. Дополнителни рефлектори се поставени и на пешачкиот мост.

Во моментов се работи на дислокација на дрвените бандери и нивна замена со бетонски столбови со менување на линијата во целата општина.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …