Новинари најавија тужба против државата за „крвавиот четврток“

Новинари најавија тужба против државата за „крвавиот четврток“

Најмалку 15 новинари, кои известуваа од македонското Собрание при насилниот упад и дивеењето на 27 април, најавија дека ќе поднесат тужба против Република Македонија за надомест на штета.

Како што велат Горан Трпеноски, Душица Мрѓа и Боби Христов, иницијатори на тужбата, ќе биде тужена државата според членот 166 од Законот за облигационите односи – „Одговорност поради терористички акти, јавни демонстрации и манифестации“. Иницијаторите истовремено порачаа дека тужбата може да биде проширена со барање за одговорност на поединци, кои со преземање или непреземање дејства придонеле за настанатата ситуација.

Мрѓа, Христов и Трпеноски најавија дека постапката е отворена за сите колеги што известуваа од Собранието – новинари, фоторепортери и сниматели и ги повикаа сите оштетени медиумски работници да им се приклучуваат.

– Освен новинарите кои известуваа од прес-салата, треба да се вклучат и оние кои известуваа надвор од Собранието. Разговарано е и со вработени во Собранието кои сакаат да се вклучат во иницијативата. Се надевам дека новинарите и снимателите ќе соберат храброст да ја тужиме државата, бидејќи ние таму бевме на работно место и нашето известување, мислам дека допринесе и да нема потешки последици. Нашето присуство придонесе ситуацијата да заврши, како што заврши – вели Трпеноски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …