Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека новиот вид на коронавирус, кој првпат се појави во Велика Британија бил регистриран во земјата.
„Патничка од Лондон, која беше негативна на ПЦР-тестот, го донесе тој вид, нејзиниот сопруг имаше сериозни симптоми“, изјави Вучиќ за ТВ Прва, додавајќи дека вирусот е откриен на институтот „Торлак“.
„Ги следевме сите контакти, ги изолиравме и денеска можеме со надеж да кажеме дека ќе го спречиме, ако тоа ни се случи, ќе ни биде пекол“, кажа Вучиќ.
Српската министерка за труд, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека досега се вакцинирани над 172.000 лица во земјата.
Извор: Радио Слободна Европа