Ново намалување на цените на горивата

Ново намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката, бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар за литар и од ноќеска ќе чини 77 денари за литар. За половина денар, пак, ќе поевтинат Еуросупер БС-98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Новата цена на 98-октанскиот бензин ќе изнесува 79,5 денари за литар, додека литар дизел гориво ќе чини 66,5 денари.

Екстра лесното масло ќе чини 65,5 денари за литар.

Поевтинува и мазутот, кој од ноќеска ќе се продава по цена од 39,155 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

цук

Рекорден број повици на единствениот повикувачки број за итни случаи

Кон Полиција биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош 17,61 отсто, a кон пожарникарите …