НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА БОЈАН МАРИЧИЌ

НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА БОЈАН МАРИЧИЌ

Почитувани граѓани,

На прагот на Новата 2024 година да си посакаме година на верба, слога и оптимизам. Со взаемна почит да ја направиме годината што доаѓа подобра за сите. Секој наш чекор да го мериме низ благосостојба на младите и идните генерации.

Нашата водечка мотивација во претстојната година ќе биде да ставиме крај на неизвесноста по однос на продолжувањето на преговорите со Европската Унија. Отворањето на поглавјата ќе ни донесе нивно заокружување за околу четири години и потоа официјално членство во ЕУ, најдоцна до 2030 година.

Тоа е нашиот заеднички пат кој ни носи сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите нас и за државата.

Ние веруваме дека судбината на Европејците, а тоа сме и ние Македонците и на сите граѓани, е испреплетена и дека Европската Унија е нашата иднина за која вреди да се бориме.

Ако 2023 година беше година на успешен скрининг, 2024 година нека биде година на обновен политички консензус за Европската Унија.

Би сакал да упатам голема благодарност за посветената работа на вработените во Секретаријатот за европски прашања, сите вклучени институции, релевантните министерства и други институции, како и експертите кои вредно работеа на скринингот и беа од најголем придонес за успешниот исход. Особено благодарен сум на граѓаните и медиумите што со интерес и посветеност го следат овој процес.

Членството во ЕУ многу ни значи и многу вреди. Затоа треба со заеднички консензус и обединување околу евроинтеграциите, да ги направиме и уставните измени.

Со остварување на таа цел ќе направиме патриотски чин кој е директен придонес кон подобар живот за целиот наш народ и кон подобра држава – држава по европски стандарди.

Новата 2024 година нека донесе мир и заедништво во македонското општество. Да бидеме со поглед напред, да се чуваме и поддржуваме еден со друг. Само на тој начин сме успевале. Верувам, посакувам и работам за тоа, за нов голем, заеднички македонски успех.

Празничните денови нека поминат во радост, здравје, среќа и благосостојба.

Среќна Нова 2024 година!

Прочитајте повеќе

бензинска станица бензини горива

Се намалуваат цените на бензините и на дизел горивото

Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 83 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 …