Средствата за оваа намена се обезбедени од страна на државата, преку блок дотациите кои на месечна основа им се исплаќаат на општините
Регресот за годишен одмор за 2023 година треба да им биде исплатен на сите вработени во училиштата. Средствата за оваа намена се обезбедени од страна на државата, преку блок дотациите кои на месечна основа им се исплаќаат на општините.
Министерството за образование и наука (МОН) преку соопштение апелира до сите локални самоуправи да се почитуваат правните прописи, согласно со членот 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор во кој е утврдено дека работникот има право на надоместок за регрес за годишен одмор во еднократен износ кај еден работодавач, во текот на годината, без оглед во колку училишта има засновано работен однос.
Допис со насоки за постапување по однос на ова прашање е веќе доставен до сите општини и секое непостапување сноси соочување со правни последици, предупредува МОН.