Под влијание на циклонска активност, денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни (од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер (над 70 км/час).
Утре врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.
Минималната температура ќе се спушти до -1, а највисоката дневна температура ќе достигне 15 степени Целзиусови.