Обвинение за Жан Митрев за измама на пациенти

Обвинение за Жан Митрев за измама на пациенти

Обвинителството смета дека тој сторил измама за време на Ковид-пандемијата со која што пациентите биле доведени во заблуда. За ова дело е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

Скопското обвинителство поднесе обвинение против кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника за измама на пациенти за време на пандемијата со Ковид-19. За делото за коешто се товари е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

Врз основа на доказите, Обвинителството наведува дека Жан Митрев ги довел во заблуда пациентите на кои им се нудела  хемофилтрацијата како алтернативен начин на лекување, но притоа се прикривале клучни факти за овој метод. На тој начин клиниката заработила околу 1,6 милиони евра за хемофилтрации.

Во обвинителството имало вкупно 283 пријавени оштетени кои биле дел од истрагата.

Докторот Жан Митрев, сопственик на приватната клиника во Скопје, синоќа (9.01)изјави дека не се плаши од обвинение за измама во врска со лекувањето Ковид-пациенти со методот на хемофилтрација и не планира да се спогодува со Обвинителството.

„Не се плашам од обвинение. Нема измама. Ќе се докажуваме, ако треба 100 години ќе се докажувам пред суд, бидејќи нема такво нешто“, рече Митрев во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ. Тој тврдеше дека никогаш не ги лажел пациентите и нивните семејства и оти никому не му кажал дека хемофилтрацијата е лек за корона.

Основното јавно обвинителството – Скопје по допрен глас оформи предмет на 18 јули, откако ИРЛ објави истражување за работењето  на клиничката болница „Жан Митрев“ во периодот од 2020 до 2022 година.

Во документарниот филм „Нечиста крв“ беа пренесени сведоштва на семејства на Ковид-пациенти врз кои бил применуван методот хемофилтрација (филтрација на крвта) без да знаат дека се предмет на клиничко испитување. Услов за лекување на пациентите било авансно да уплатат 12.000 евра за да бидат хоспитализирани во клиниката. Клиничките студии кои се вршеле во болницата не се пријавени во државната Агенција за лекови – МАЛМЕД.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …