Обвинителство почна истрага против 11 лица поради Шпанските скали и парцела за хотел

Обвинителство почна истрага против 11 лица поради Шпанските скали и парцела за хотел

Поради малверзации и неизвршување службена должност во врска со две парцели за хотел и за Шпанските скали во строгиот центар на Скопје, но и за уште една поголема парцела за хотел, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по добивањето 11 кривични пријави од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, почна истрага.

За сите е побаран притвор.

Цел на истрагата се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, петмина вработени во Министерството за транспорт и врски, поранешна државна правобранителка, една вработена во Катастар, двајца вработени и бизнисмен. Десетмина од нив беа уапсени утрово. Јанакиески пред суд е донесен од домашниот притвор кој го доби поради сомневање дека е дел од организаторите на насилниот упад во Собранието на 27 април.

Се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење, во вкупно нанесена штета на државниот буџет од 2,64 милиони евра.

Јанакиески и петмината вработени во Министерството за транспорт и врски, потпишале договори за продажба на двете парцели едната од 4.090 квадратни метри, а втората од 1.046 квадратни метри, но тоа било незаконски, а потоа не го следеле исполнувањето на условите од договорите и анекс-договорите и не го вратиле земјиштето во државна сопственост.

Вториот дел од истрагата е за два договори за државно земјиште со површина од 8.745 квадратни метри, кое било продадено за 71 денари за квадрат, како и уште една парцела од 13.765 квадратни метри за хотел.за хотел.

Покрај побараниот притвор, Обвинителството за организиран криминал доставило и предлог за мерки за обезбедеување на имот до износот на штетата на државниот буџет.

Прочитајте повеќе

Синдикатите немаат намера да ја менуваат минималната кошничка

Синдикатите немаат намера да ја менуваат минималната кошничка

Што е реалната цена на животот во Северна Македонија за четиричлено семејство? Премиерот Мицкоски бара …